Прага

Велигденски патувања
За Прага се вели дека е срцето на Европа. Како магичен град на мостови, катедрали и цркви, чии слики се огледало во лицето на реката В'лтава, постои повеке од еден милениум. Прага е град кој проткајува многу богата историја и култура. Но, не треба да го заборавиме и малото, а, многу познато гратче Карлови Вари, по огромната посетеност од страна на некогашната европска аристократија и културна елита во 19 век. Таму се наоѓаат 12 топлотни извори со температура на вода од 39 до 73 степени и лековита моќ. Покрај топлотните извори, Вашето внимание ќе го задржат и повеќето колонади, Англиската црква, Руската црква, познатите кафулиња и ресторани, каде можете да одморите и да уживате во преубавата природа и шумот на реката Топла. Тој што се изморил од Прага - се изморил од убавина.
4 дена / 3 ноќевања / авион
02. Април (Петок)СКОПЈЕ-ПРАГА

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 12:45 часот. Полетување за Прага со Цзецх Аирлинес со лет ОК 847 во 14:15 часот. Пристигнување во Прага во 16:10 часот и трансфер до хотел. Попладневна прошетка низ центарот на Прага. Ноќевање.

03. Април (Сабота)ПРАГА

Појадок. Разглед на градот: Старо Место: Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Малтешките витези, споменикот на Карло четврти, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Староградскиот плоштад со познатиот астрономски часовник - Орлој, градската куќа, Тунската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Универзитетот на Карло четврти, Националниот музеј, Горниот град: Дворецот Храдчани, Катедралата Св.Вито, Златната улица …Слободно попладне или можност за факултативно крстарење по реката В'лтава. Ноќевање.

04. Април (Недела)ПРАГА-КАРЛОВИ ВАРИ

Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки или можност за факултативна посета на Карлови Вари - најпозната бања во Европа во која престојувале многу европски владетели, врвни сликари, поети. Можност за прошетка по променадата со 12-те извори, прошетка покрај нео-ренесансните колонади, паркови, кафеани и продавници. Враќање во Прага во попладневните часови. Вечерта, факултативно - вечера во национален ресторан - чешка пивница. Ноќевање

05. Април (Понеделник)ПРАГА - СКОПЈЕ

Појадок. Трансфер до аеродромот во Прага. Лет за Скопје со лет ОК 846 во 11:30 часот. Пристигнување во Скопје во 13:25 часот.

299 еур  (18,500 ден)  
       
Во цената на аранжманот е вклучено:
-Авионски превоз Скопје-Прага-Скопје
-Трансфери аеродром -хотел- аеродром
-Сместување во хотел ALBION 4* www.albionhotel.cz на база 3 ноќевања со појадок
-Организиран разглед на Прага со стручен локален водич
-Професионална организација и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
-Аеродромски такси 5.450 ден
-Факултативни излети: Карлови Вари 35 еур; Крстарење со брод по В'лтава 15 еур, Вечера во пивница
-Излет до Карлови Вари 2.170мкд (35евра)
-Крстарење по В’лтава (со вечера) 1.200мкд
-Влезници во музеите и културно - историските споменици
-Чешка шенген виза и патничко-здравствено осигурување 2.500 денари (за патниците со стари пасоши)
-Патничко-здравствено осигурување 200 денари

Напомени:
-За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници.
-За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ
Барање за резервација
Име Презиме:  
Email:  
Телефон:
Термин:
Број на патници:
Начин на плаќање:
Забелешка,
прашање,
коментар: