04. Март (Четврток)СКОПЈЕ - РИМСостанок на групата на аеродромот Александар Велики во 07:00 часот. Полетување за Подгорица во 08:15 (YM391). Пристигнување во 09:00 часот. Полетување за Рим во 10:50 (YM990). Слетување во 12:05 часот. Панорамско разгледување на градот со водич: Виа Венето, Плоштадот Дел Пополо, Виа Дел Корсо, плоштадот Венеција со споменикот на Виктор Емануеле, Римскиот форум, Колосеумот, мостовите на Тибар, Палатата на Правдата, Тврдината Сан Ангело, црквата Св. Петар... Трансфер до хотел. Сместување. Вечерна прошетка до плоштад на уметниците со прекрасните фонтани - Плоштадот Навона. Ноќевање.
05. Март (Петок)РИМ - ВАТИКАНПојадок. Можност за факултативна посета на Ватикан: Ватиканските музеи, Сикстинската капела, црквата Св.Петар... По разгледот, индивидуално враќање во хотел и слободно попладне за шопинг. Ноќевање.
06. Март (Сабота)РИМПојадок. Пешачка прошетка низ Рим со водич: Шпанските скали, Фонтаната Ди Треви, Пантеон, Плоштадот Навона со прекрасните фонтани, Колосеумот, Св. Петар во Окови со статуата Мојсие - познатото дело на Микеланџело, Св. Климент, Римскиот Форум... Вечерта, факултативно, вечера во национален италијански ресторан - траториа. Ноќевање
07. Март (Недела)РИМ (ТИВОЛИ) - СКОПЈЕПојадок. Слободно предпладне за индивидуални активности и шопинг или факултативна посета на паркот Тиволи - прекрасната Вила Д Есте со нејзините илјада фонтани. Трансфер до аеродромот. Полетување за Скопје (преку Подгорица YM991/YM390) во 15:10 часот. Пристигнување во Скопје во 19:00 часот.