Прага

Мајски аранжмани
За Прага се вели дека е град-бајка, исполнета со магична убавина сместена во срцето на Европа. Прага е град кој ќе ја фрли својата златна магија врз вас, и ќе Ве освои со своите волшебни градби, цркви, споменици, вековни замоци и мостови на В`лтава. Во Прага постојат многу работи кои треба да се доживеат, и ќе Ве убедат дека е единствена и незаборавна. Прага е град каде ќе почувствувате мистична атмосфера одејки низ тесни улички, но и ќе доживеете искуство на космополитски град со богат ноќен живот. Круна на патувањето, е посетата на Карлови Вари- симбол за одмор и уживање на европската аристократија. Романтично градче низ кое минува реката Топла, прочуено по своите 12 извори на топла вода со лековита моќ, прекрасните колонади, барокната архитектура, убавите цркви меѓу кои и Руската црква, градче кое ќе Ве освои и ќе уживате во неговата убавина.
5 дена / 4 ноќевања / авион
21.Мај (Петок)СКОПЈЕ - ПРАГА

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 12:45 часот. Полетување за Прага со лет ОК 847 во 14:15 часот. Пристигнување во Прага во 16:10 часот и трансфер до хотел. Попладневна прошетка низ центарот на Прага со метро. Ноќевање.

22.Мај (Сабота)ПРАГА

Појадок. Разглед на градот: Старо Место: Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Малтешките витези, споменикот на Карло четврти, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Староградскиот плоштад со познатиот астрономски часовник - Орлој, градската куќа, Тунската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Универзитетот на Карло четврти, Националниот музеј, Горниот град: Дворецот Храдчани, Катедралата Св.Вито, Златната улица … Слободно попладне или можност за факултативно крстарење по реката В'лтава. Ноќевање.

23.Мај (Недела)ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ

Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки или можност за факултативна посета на Карлови Вари - најпозната бања во Европа во која престојувале многу европски владетели, врвни сликари, поети. Можност за прошетка по променадата со 12-те извори, прошетка покрај нео-ренесансните колонади, паркови, кафеани и продавници. Враќање во Прага во попладневните часови. Ноќевање.

24.Мај (Понеделник)ПРАГА – КАРЛШТЕЈН

Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки или можност за полудневен факултативен излет до дворецот Карлштејн - некогашна резиденција на Карло Четврти  изграден во 14 век во готски стил. Вечерта, факултативно - вечера во национален ресторан - чешка пивница. Ноќевање.

25.Мај (Вторник)ПРАГА - СКОПЈЕ

Појадок. Трансфер до аеродромот во Прага. Лет за Скопје со лет ОК 846 во 11:35 часот. Пристигнување во Скопје во 13:30.

339 еур  (20,950 ден)  
           
Цената вклучува:
-Авио превоз Скопје-Прага-Скопје
-Трансфер аеродром-хотел-аеродром
-Сместување во Хотел Artemis Olympik 4* на база 4 ноќевања со појадок
-Организиран разглед на Прага со стручен локален водич
-Професионална организација и придружник на патувањето


Цената не вклучува:
-Аеродромски такси 5.450 ден
-Факултативни излети: Карлови Вари 35 еур; Карлштајн 30 еур (со вклучена влезница), Крстарење по В'лтава 25 еур (со вечера)
-Влезници за музеите и културно – историските споменици
-Патничко-здравствено осигурување 250 денари

Напомена:
-За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници.
-За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ
Барање за резервација
Име Презиме:  
Email:  
Телефон:
Термин:
Број на патници:
Начин на плаќање:
Забелешка,
прашање,
коментар: