01. Април (Четврток)СКОПЈЕ - БАРСЕЛОНАСостанок на групата на аеродромот во Скопје во 05:00 часот. Полетување за Загреб со Croatia Airlines со лет OU367 во 06:10 часот. Пристигнување во Загреб во 07:25. Слободно време за утринско кафе и прошетка низ центарот на градот. Полетување со лет OU374 во 15:10. Пристигнување во Барселона во 17:15 часот. Трансфер и сместување во хотел. Попладневна прошетка до Плоштадот Каталонија и познатата улица Ла Рамба. Ноќевање.
02. Април (Петок)БАРСЕЛОНАПојадок. Панорамски разглед на Барселона: Катедралата Саграда Фамилија - нјаголемиот недовршен проект на генијалниот архитект Гауди, Плоштадот Каталонија, авенијата Рамбла, Пристаништето Де ла Паз, Олимпиското пристаниште, најдолгата улица во Барселона - Авенијата Дијагонал, Нова Барселона, Шпанскиот плоштад, брдото Мон Жуик со прекрасна панорама на градот, Олимпискиот прстен со стадионот, познатиот фудбалски стадион Камп Ноу, Шпанското село кое ја обединува и прикажува разноликоста на архитектурата на Шпанија... Посета на едно од најзначајните дела на Гауди, паркот Гуељ, кој со својата фасцинантна креација на градини и архитектонски облик заслужи да биде дел од светската културна градина под заштита на УНЕСКО. Во вечерните часови, посета на ноќниот симбол на Барселона - каде во ритамот на музиката и светлината се одигрува балетската точка на Магичната Фонтана. Ноќевање.
03. Април (Сабота)БАРСЕЛОНА - ФИГУЕРАС - ЏИРОНАПојадок. Целодневен факултативен излет до Фигуерас и Џирона. Посета на Фигуерас со ексцентричниот Театар - музејот на Салвадор Дали. Музејот е сместен во неговата фамилијарна палата, а изложбата ја поставил самиот маестро, како компилација на уметничките дела од разни периоди. Панорамско разгледување на областа Коста Брава продолжува со патување кон Џирона, еден од најубавите градови во Каталонија. Посебен шарм добива од зидините, настанати во римскиот период како одбранбен систем, со прекрасен поглед на градот и околината. Враќање во Барселона во вечерните часови. Факултативна посета на ФЛАМИНГО, со заводливиот ритам на шпанската музика и сангрија. Ноќевање.
04. Април (Недела)БАРСЕЛОНА (МОНСЕРАТ) - СКОПЈЕПојадок. Полудневен факултативен излет до светата каталонска планина Монсерат и обиколка на манастирот Санта Мариа де Монсерат. Во склоп на манастирот се наоѓа музејот со колекција поделана на археолошка збирка и пинакотека и дела настанати во периодот од 16 до 19 век. Меѓу најзначајните се: Св. Херонимо на Караваџо, слики од Ел Греко, Дали и Пикасо, како и слики од каталонски импресионисти. Трансфер до аеродромот. Лет за Загреб со лет OU375 во 18:10 часот. Пристигнување во Загреб во 20:05. Полетување за Скопје со лет OU366 во 21:15. Пристигнување во Скопје во 22:30 часот.