05. Март (Петок)СКОПЈЕ - ВЕНЕЦИЈАСостанок на групата на паркингот спроти хотел Holiday Inn во 14:30 часот. Тргнување за Венеција во 15:00 часот. Патувањето продолжува преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор. Ноќно возење.
06. Март (Сабота)ВЕНЕЦИЈАПристигнување во Венеција во претпладневните часови. Сместување во хотел во Лидо ди Јесоло. Во пладневните часови панорамско разгледување на заспаната убавица: плоштадот и црквата Сан Мароко, Дуждевата палата, мостот на воздишки, Кулата, каналот Гранде, мостот Риалто... Ноќевање.
08. Март (Недела)ВЕНЕЦИЈА - ФИРЕНЦАПојадок. Слободен ден или можност за факултативна посета на главниот град на Тоскана и престолнина на ренесансата - разглед на Фиренца: Црквата Санта Кроче, Катедралата Дуомо, звоникот и крстилницата, Палатата Векио и репликата на Микеланџеловиот Давид, Галеријата Уфичи, Мостот Понте Векио, Палатата Пити... Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.
09. Март (Понеделник)ВЕНЕЦИЈА - ВЕРОНА - ЉУБЉАНАПојадок. Заминување за Верона - градот познат по Ромео и Јулија. Разгледување на Верона: плоштадите Бра, Ербе, Данте, куќата на Јулија, Амфитеатарот... Тргнување за Македонија во попладневните часови, со попатна посета на Љубљана. Ноќно возење.
10. Март (Вторник)СКОПЈЕПристигнување во Скопје во пладневните часови.