05. Март (Петок)СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛСостанок на групата на паркингот спроти хотел Holiday Inn во 16.30 часот. Тргнување за Истанбул во 17:00. Патувањето продолжува преку Грција со попатни паузи за одмор. Ноќно возење.
06. Март (Сабота)ИСТАНБУЛПристигнување во Истанбул во претпладневните часови. Сместување во хотел. Панорамски разглед на градот: Бејазит кулата, Универзитетот, Хиподромот, Лалели Џамијата, Валенсовиот Аквадукт, Златниот рог, Јени џамија, Патријаршијата, Железната црква, Сулејманијата... Разгледување на градот и спомениците: Сината џамија - симболот на градот, Аја Софија, прекрасната Топ Капи палата од сите страни опкружена со море, Цистерната, Хиподромот... Ноќевање.
07. Март (Недела)ИСТАНБУЛПојадок. Предлагаме факултативно крстарење по Босфор со брод, покрај мостовите кои ги поврзуваат Европа и Азија. Крстарењето овозможува прекрасен поглед на раскошните палати од двете страни на каналот, со најубавата Султанска палата Долма Бахче Сарај и Моминската Кула (Kiskulesi)... Вечерта, факултативна посета на елитен ресторан со богато мени и незаборавна програма со ориентални танци. Ноќевање.
08. Март (Понеделник)ИСТАНБУЛ - СКОПЈЕПојадок. Слободно претпладне за индивидуални прошетки или можност за факултативна посета на палатата Долма Бахче Сарај-последната резиденција на Отоманскиот Султан, со музејска збирка со непроценливо богатсвто. Тргнување за Скопје во попладневните часови. Патот води преку Грција со ноќно возење и попатни паузи за одмор. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.