06. Март (Сабота)СКОПЈЕ - СОЛУНСостанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во 06.00 часот. Тргнување за Грција во 06.30. Влез во Грција преку граничниот премин Богородица - Евзони. По пристигнувањето, панорамски разглед на градот: Виа Игнатиа, црквата Св. Димитрија, Римскиот форум, црквите Ротонда, Св. Софија, плоштадот Аристотелис, Белата кула, Археолошкиот и Византискиот музеј... Сместување во хотел. Слободно време за индовидуални прошетки и шопинг. Вечерта, факултативна вечера во национален ресторан - таверна. Ноќевање.
07. Март (Недела)СОЛУН – ПЕЛА – ВЕРГИНА – ВОДЕН - СКОПЈЕПојадок. Целодневен излет до некогашните престолнини на Античка Македонија, Пела и Вергина, како и посета на градот кој го отслукуваат прекрасните водопади - Воден. Тргнувањето за Скопје во попладневните часови. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.