1 Ден - 01 Септември (Вторник)СКОПЈЕ - СИНГАПУРСостанок на групата на аеродромот во Скопје во 12:15 часот. Полетување за Истанбул со лет
ТК 1434 во 13:50 часот. Слетување во Истанбул во 16:15. Полетување за Сингапур во 23:25.
2 Ден - 02 Септември (Среда)СИНГАПУРСлетување во Сингапур во 15:30 часот (локално време). Трансфер до хотелот. Сместување. Посета на свеченото отворање на конгресот. Ноќевање.
3 Ден - 03 Септември (Четврток)СИНГАПУРПојадок. Разглед на градот кој нуди обиколка на голем број знаменитости поради различните етнички групи кои тука живеат. Посета на историскиот дел на градот со Царската палата, Парламентот, Врховниот суд и Гратското Собранте. Прошетката продолжува до модернито дел на градот, Мерлион Парко од каде се појавува прекрасна глетка на пристаништето. Посета на најстариот будистички храм во Сингапур, пред пристигнување во Кинескиот кварт. Следува посета низ центарот за рачна изработка, а потоа Националната градина на Орхидеите, лоцирана во Сигапурската Ботаничка градина. Екскурзијата завршува со посета на квартот Мала Индија, каде индијската цултура, храна, мирис, музика и религија се чувствуваат на секој агол. Посета на конгресот во попладневните часови. Ноќевање.
4 Ден - 04 Септември (Петок)СИНГАПУРПојадок. Посета на конгресот. Во вечерните часови можност за факултативна екскурзија - ноќно сафари во золошка градина во која живеат преку 1.200 животни. Под пригушено светло има можност да се надгледуваат ноќните активности на животните. Тигри, хиена, носорози и утки се само некои од животните кои можат да се видат. Враќање во хотел во вечерните часови.
Ноќевање.
5 Ден - 05 Септември (Сабота)СИНГАПУРПојадок. Посета на конгресот. Во попладневните часови можност за факултативна посета на островот Сентоза, до каде се стигнува со жичара од планината Фабер со незаборавна глетка на најпрометното пристаниште на светот. Меѓу атракциите на островот е подводниот свет, со најголемиот Океанариум во Азија. Следува разглед на Музичките фонтани со уживање во синхронизираната игра на музиката и светлосните ефекти. Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.
6 Ден - 06 Септември (Недела)СИНГАПУРПојадок. Слободен ден за индивидуални проошетки и шониг. Ноќевање.
7 Ден - 07 Септември (Понеделник)СИНГАПУРПојадок. Слободен ден за индивидуални прошетки. Ноќевање.
8 Ден - 08 Септември (Вторник)СИНГАПУР - СКОПЈЕПојадок. Слободно време до трансферот кон аеродром. Полетување за Истанбуч со лет TK 067 во 23:10 часот.
9 Ден - 09 Септември (Среда)СКОПЈЕСлетување во Истанбул во 06:15. Полетување за Скопје со лет ТК 1433 во 12:35. Слетување во Скопје во 12:55 часот.