Виена и Братислава

8-ми Март
Виена е град каде ја чувствувате моќта на прекрасните палати и дворци, град на валцерите и компонирањето на Моцарт, Бетовен, Хајд, Штраус, во ритамот на добрата, стара, средна Европа. Виена плени со својот стил и раскош, не оставајќи ниеден неисполнет момент. Уживајте со виенското кафе и засладете се со незаменливата загер торта во некоја од преубавите кафетерии.
5 дена / 2 ноќевања / автобус
03. Март (Среда)СКОПЈЕ - ВИЕНА

Состанок на групата на паркингот спроти Хотел Holiday Inn во 19.00 часот. Тргнување за Виена во 19.30. Се патува преку граничен премин Табановце и Србија, Унгарија. Ноќно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности.

04. Март (Четврток)ВИЕНА

Пристигнување во Виена во претпладневните часови. Сместување во хотел. Разглед на градот: Рингштрасе, Катедралата Св. Стефан, Палатата Хофбург, Дворецот Белведере, Операта, Гратското Собрание Ратхаус, Катедралата Фотиф, Парламентот, Универзитетот... Слободна вечер за индивидуални прошетки. Идеална можност да се проба "Wienerschnitzel" во некој ресторан. Ноќевање.

05. Март (Петок)ВИЕНА - ШЕНБРУН

Појадок. Факултативна посета на Кралскиот Дворец Шенбрун, летната резиденција на Франц Џозеф. Посетене од милиони туристи годишно, палатата заедно со паркот е најголемата туристичка атракција во Виена, под заштита на УНЕСКО. Слободнo време за прошетка по познатата улица Mariahilferstrasse. Mожност за посета на познатиот забавен парк "Пратер" во вечерните часови. Ноќевање.

06. Март (Сабота)ВИЕНА - БРАТИСЛАВА

Појадок. Можност да се почувствува атмосферата на виенските кафулиња, со "melange" и захер торта. Тргнување за Братислава во попладневните часови. Панорамски разглед на градот, мостовите на Дунав, средновековниот главен плоштад, готската катедралата Св. Мартин, старата градска куќа, Словачката Национална Галерија, Словачкиот Национален Музеј... Во вечерните часови, патувањето продожува кон Скопје. Ноќно возење со попатни паузи за одмор.

07. Март (Недела)СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во претпладневните часови.

  (8,900 ден)  
           
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
-Превоз со модерен туристички автобус на наведената релација
-Панорамски разглед на Виена и на Братислава
-Сместување во Hotel Airo Tower 3* (www.artis-hotels.at) на база 2 ноќевања со појадок
-Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
-Австриска шенген виза и патничко осигурување 2500 мкд
-Влезници во музеите и културно – историските споменици
-Факултативни посети - Шенбрун со вклучена влезница (25 евра)

НАПОМЕНИ:
-За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
-За овој аранжман важат Општите услови за патување на Атлас плус и СКТМ

Барање за резервација
Име Презиме:  
Email:  
Телефон:
Термин:
Број на патници:
Начин на плаќање:
Забелешка,
прашање,
коментар: