04. Март (Четврток)СКОПЈЕ - БУДИМПЕШТАСостанок на групата на паркингот спроти хотел “Holiday Inn” во 18:00 часот. Тргнување за Будимпешта во 18:30 часот. Се патува преку Србија со попатни паузи. Ноќно возење.
05. Март (Петок)БУДИМПЕШТАПристигнување во Будимпешта во предпладневните часови. Панорамски разглед на градот: Соменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракоци, Парламентот, црквата Св. Стефан, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската Палата, црквата Св. Матејас, Рибарската тврдина. Сместување во хотел. Вечерта, факултативно, вечера во национален ресторан-Чарда. Ноќевање.
06. Март (Сабота)БУДИМПЕШТАПојадок. Слободен ден за шопинг и прошетка по улицата Ваци. Вечерта-факултативно крстарење со брод по Дунав. Ноќевање.
07. Март (Недела)БУДИМПЕШТА - СЕНТ АНДРЕА- СКОПЈЕПојадок. Предвидена е посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негува старата архитектура и народни ракотворби, богато со голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Тргнување за Скопје во попладневните часови. Се патува преку Србија со куси попатни паузи. Ноќно возење.
08. Март (Понеделник)СКОПЈЕПристигнување во Скопје во утринските часови.