Болоња - Посета на саемот COSMOPROF
www.cosmoprof.it

Конгреси и Саеми
6 дена / 3 ноќевања / автобус
15. Април (Четврток)СКОПЈЕ - ВЕНЕЦИЈА

Собир на групата на паркингот спроти Хотел Holiday Inn во 15:00 часот. Тргнување за Венеција во 15:30 часот. Патувањето води низ Србија, Хрватска, Словенија. Ноќно возење со попатни паузи.

16. Април (Петок)ВЕНЕЦИЈА

Пристигнување во Венеција во утринските часови. Сместување во хотел во Лидо ди Јесоло. Разгледување на “заспаната убавица”: Плоштадот и црквата Свети Марко, Дуждевата Палата, Мостот на Воздишки, Кулата, Каналот Гранде, Мостот Риалто... Ноќевање.

17. Април (Сабота)ВЕНЕЦИЈА - БОЛОЊА - РИМИНИ

Појадок. Патувањето продолжува кон универзитетскоит град Болоња. Панорамски разглед на градот: Плоштадот Маџоре, Базиликата Сан Петрониа, Фонтаната Нептун, Двете Кули... Посета на саемот Cosmoprof до 18 часот. Сместување во хотел во Римини-едно од најголемите летувалишта ва Италија на Јадранското Море. Ноќевање.

18. Април (Недела)РИМИНИ (БОЛОЊА)

Појадок. Целодневна посета на саемот Cosmoprof во Болоња. На враќање кон хотелот, посета на една од најмалите држави и најстари републики во Европа, Сан Марино. Можност за посета на дискотека во Римини, вечер за уживање во ритамот на магичните звуци. Ноќевање.

19. Април (Понеделник)РИМИНИ (БОЛОЊА) - СКОПЈЕ

Појадок. Целодневна посета на саемот Cosmoprof во Болоња. Заминување за Скопје во попладневните часови. Ноќно возење со попатни паузи за одмор.

20. Април (Вторник)СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во попладневните часови.

  (14,500 ден)  
     
Цената вклучува:
-Превоз со модерен туристички автобус на наведената релација
-Сместување во хотели *** на база ноќевања со појадок во двокреветни и трикреветни соби (едно во Лидо ди Јесоло, две во Римини)
-Разгледи на градовите според програмата
-Професионална организација и придружник на патувањето

Цената не вклучува:
-Италијанска шенген виза и патничко осигурување 3.000 денари (за патниците со стари пасоши)
-Патничко осигурување 200 денари
-Влезница за саемот
-Влезници во локалитетите, дискотека, карти за локален превоз (брод) и факултативни излети.

Напомени:
-За реализација на аранжманот потребен е минимум од 35 патници.
-За овој аранжман важат Општите услови за патување на АТЛАС ПЛУС и СКТМ.
Барање за резервација
Име Презиме:  
Email:  
Телефон:
Термин:
Број на патници:
Начин на плаќање:
Забелешка,
прашање,
коментар: