01. Април (Четврток)СКОПЈЕ - РИМСостанок на групата на аеродромот во Скопје во 12:00 часот. Полетување за Рим (LFM801) во 13:20. Пристигнување во Рим во 14:50 часот. Панорамско разгледување на градот: Плоштадот Дел Пополо, Виа Дел Корсо, плоштадот Венеција со споменикот на Виктор Емануеле, мостовите на Тибар, Палатата на Правдата, Тврдината Сан Ангело, црквата Св. Петар... Трансфер до хотел. Сместување. Вечерна прошетка до плоштадот на уметниците, со прекрасните фонтани - плоштадот Навона. Ноќевање.
02. Април (Петок)РИМ - ВАТИКАНПојадок. Можност за факултативна посета на Ватикан: Ватиканските музеи со восхитувачките колекции на слики, скулптури, стари мапи и таписерии, незаобиколната Систинската капела чиј свод е украсен од Микеланџело со уникатни ремек дела и најголемата црква на светот Св.Петар... По разгледот, слободно време за шопинг по познатата улица Виа Дел Корсо. Ноќевање.
03. Април (Сабота)РИМПојадок. Прошетка низ центарот на Рим со локален водич: посета на Шпанските скали познати како “дневна соба на градот”, Фонтаната Ди Треви со легендата за фрлање паричка за повторно враќање во Рим, Пантеон, прекрасниот плоштад Кампидољо, Римскиот Форум, Колосеумот, Црквата Св. Петар во окови со статуата Мојсие - познатото дело на Микеланџело, Црквата Св. Климент... Вечерта, факултативно, вечера во национален ресторан - траториа. Ноќевање.
04. Април (Недела)РИМ - ТИВОЛИ - СКОПЈЕПојадок. Факултативна посета на паркот Тиволи со прекрасната Вила Д'Есте. Неповторливата ренесансна палата е единствена по своите илјада фонтани, а, најубавите од нив имитираат звуци на птици и музички инструменти. Трансфер до аеродромот. Полетување за Скопје во 21:30 часот. Пристигнување во Скопје во 23:00 часот.