01. Април (Четврток)СКОПЈЕ - ВИЕНАСостанок на групата на паркингот спроти Хотел Holiday Inn во 17.30 часот. Тргнување за Виена во 18.00. Се патува преку граничен премин Табановце и Србија, Унгарија. Ноќно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности.
02. Април (Петок)ВИЕНАПристигнување во Виена во претпладневните часови. Сместување во хотел. Разглед на градот: Рингштрасе, Катедралата Св. Стефан и Штефанплац, Бургтеатар, Музејскиот кварт, Палатата Хофбург, Дворецот Белведере, Операта, Гратското Собрание Ратхаус, Катедралата Фотиф, Парламентот, Универзитетот... Слободна вечер за индивидуални прошетки. Идеална можност да се проба вистинска виенаска шницла во некој ресторан. Ноќевање.
03. Април (Сабота)ВИЕНА - ШЕНБРУНПојадок. Факултативна посета на Кралскиот Дворец Шенбрун, летната резиденција на Франц Џозеф. Посетена од милиони туристи годишно, палатата заедно со паркот е најголемата туристичка атракција во Виена, под заштита на УНЕСКО. Слободнo време за прошетка по познатата улица Mariahilferstrasse. Mожност за посета на познатиот забавен парк "Пратер" во вечерните часови. Ноќевање.
04. Април (Недела)ВИЕНА - БРАТИСЛАВАПојадок. Можност да се почувствува атмосферата на виенските кафулиња во неделното утро, со кафе и захер торта. Тргнување за Братислава во попладневните часови. Панорамски разглед на градот, мостовите на Дунав, средновековниот главен плоштад, готската катедралата Св. Мартин, старата градска куќа, Словачката Национална Галерија, Словачкиот Национален Музеј... Во вечерните часови, патувањето продожува кон Скопје. Ноќно возење со попатни паузи за одмор.
05. Април (Понеделник)СКОПЈЕПристигнување во Скопје во пладневните часови.