Венеција и Тоскана
Со посета на Пиза, Фиренца и Сиена

Велигденски патувања
БАЈКА!!!!! Ако сакате за момент да се најдете во бајка, Венеција е градот каде така ќе се чувствувате. Бисер меѓу морето и небото. Во прегратките на морето од сите страни, а таа сама романтична и необична. Венеција е изградена во 5 век во пространа лагуна, на реката Бренте и Венецијанскиот залив, на преку сто мали островчиња кои ги раздвојуваат канали и ги спојуваат повеке од 400 мостови. Одличен начин да се доживее архитектонската убавина на овој град е возењето со гóндола по главна артерија - каналот Гранде. Тука е и плоштадот Св. Марко каде некои легенди велат дека дневно прелетуваат околу 200 000 гулаби, повеќе отколку што има жители во стариот дел на Венеција. Венеција заслужува за се посети, бидејќи нема зборови со кои може да се опишат прекрасните готички, ренесансни и барокни фасади. Едноставно, убавина!
6 дена / 3 ноќевања / автобус
01. Април (Четврток)СКОПЈЕ - ВЕНЕЦИЈА

Собир на групата на паркингот спроти Хотел Holiday Inn во 16:30 часот. Тргнување за Венеција во 17:00 часот. Патувањето води низ Србија, Хрватска, Словенија. Ноќно возење со попатни паузи.

02. Април (Петок)ВЕНЕЦИЈА

Пристигнување во Венеција во претпладневните часови. Сместување во хотел во Лидо ди Јесоло. Разгледување на “заспаната убавица”: Плоштадот и црквата Свети Марко, Дуждевата Палата, Мостот на Воздишки, Кулата, Каналот Гранде, Мостот Риалто... Ноќевање.

03. Април (Сабота)ПИЗА - ФИРЕНЦА

Појадок. Патувањето продожува кон северозападниот дел на Тоскана. Пристигнување во Пиза и прошетка по еден од највеличенствените плоштади во Италија, со Катедралата, Крстилницата и познатиот симбол - Кривата кула. Сместување во хотел во Монте Катини Терме во близина на Фиренца во попладневните часови. Ноќевање.

04. Април (Недела)ФИРЕНЦА

Појадок. Целодневна прошетка низ Фиренца - колевка на ренесансата, градот на “Давид” на Микелаџело, на “Раѓањето на Венера” на Ботичели, градот во кој Данте го започна создавањето на италијанскиот литературен јазик. Разглед на градот: Катедралата Дуомо со високиот звоник и автентичната купола, чудо на ренесансната архитектура, Палатата Векио - градското собрание, плоштадот Сињора познат по репликата на Микеланџеловиот Давид и Галеријата Уфици, Понте Векио - стариот мост од 14 век, палатата Пити, црквите Санта Кроче, Санта Мариа Новела и Сан Лоренцо... Факултативна вечера во типичен италијански ресторан - траториа. Ноќевање.

05. Април (Понеделник)СИЕНА - СКОПЈЕ

Појадок. Патувањето продолжува кон Сиена, еден од најубавите средновековни градови, вечниот “противник на Фиренца”. Сиена е позната по готската архитектура со карактеристична црвена боја. Разглед на градот, опкружен со ѕидини од 16 век, Плоштадот Ил Кампо во форма на школка, еден од најубавите плоштади во Европа каде доминира градската палата со познатиот звоник, куќата на Св. Катерина, Катедралата Св. Марија со бел и црн мермер богата со мозаична декорација... Прошетка низ преубавите предели на Тоскана, налик на позадината на ренесансните слики. Можност за посета на традиционален вински подрум и дегустација на познатите вина Кјанти. Во вечерните часови, патувањето продолжува кон Скопје. Ноќно возење со попатни паузи.

06. Април (Вторник)СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во попладневните часови.

235 еур  (14,500 ден)  
     
Цената вклучува:
-Превоз со модерен туристички автобус на наведената релација
-Сместување во хотели *** на база 3 ноќевања со појадок (едно во Лидо ди Јесоло, две во Фиренца /МонтеКантини Терме)
-Разгледи на градовите Венеција, Пиза, Фиренца и Сиена според програмата
-Професионална организација и придружник на патувањето

Цената не вклучува:
-Влезници во музеите и културно-историските споменици
-Карти за локален превоз (брод).
-Италијанска шенген виза и патничко-здравствено осугурување 3.000 денари (за патниците со стари пасоши)
-Патничко-здравствено осигурување300 денари

Напомени:
-За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
-овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ
Барање за резервација
Име Презиме:  
Email:  
Телефон:
Термин:
Број на патници:
Начин на плаќање:
Забелешка,
прашање,
коментар: