Будимпешта и Балатон

Велигденски патувања
Позната како кралица на Дунав, град кој се одликува со култура која освојува и заведува, Будимпешта ја нуди на туристите европската култура со унгарски вкус. Тука е неоготската зграда на Парламентот, концертите на класичната музика, баровите по должината на шеталиштето на брегот на Дунав, унгарската кујна и улиците со калдрма. Будимпешта е спој на два града од обете страни на Дунав: Буда и Пешта. Старата и шармантна Буда, чија атмосфера ја чинат симпатичните улици, малите живописни куќи и средновековната неокласична мешавина на архитектурата. Пешта ја симболизира комерцијалната област на градот, со нови и модерни градби, карактеристични широки и раздвижени булевари. Историјата преку постојани рушења и обновувања, денес ја прикажува Будимпешта како мешавина од стилови, креирани цело време додека гордиот и отпорен народ градел и создавал со љубов. Град со шарм и карактер, истовремено и европски и посебно унгарски.
5 дена / 3 ноќевања / автобус
01. Април (Четврток)СКОПЈЕ - БУДИМПЕШТА

Состанок на групата на паркингот спроти хотел Holiday Inn во 18.00 часот. Тргнување за Будимпешта во 18.30 часот. Се патува преку Србија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

02. Април (Петок)БУДИМПЕШТА

Пристигнување во Будимпешта во предпладневните часови. Панорамски разглед на градот со стручен локален водич: споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракоци, Парламентот, црквата Св. Стефан, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската Палата, црквата Св. Матејас, Рибарската тврдина. Сместување во хотел. Вечерта, факултативно, крстарење со брод по Дунав. Ноќевање.

03. Април (Сабота)БУДИМПЕШТА - СЕНТ АНДРЕА

Појадок. По појадокот посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негува старата архитектура и народни ракотворби, богато со голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Слободно време за индивидуални активности или шопинг во некој од големите трговски центри на Будимпешта. Вечерта, факултативно, вечера во национален ресторан - Чарда. Ноќевање.

04. Април (Недела)БУДИМПЕШТА - ХЕВИЦ

Појадок. Тргнување за гратчето Хевиц, оддалечено околу 130 км од Будимпешта, кое се наоѓа на термалното и лековито езеро Хевиц. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности или капење во топлите, лековити води на езерото, кое е единствено во Европа. Вечера. Ноќевање.

05. Април (Понеделник)ХЕВИЦ - БАЛАТОН - СКОПЈЕ

Појадок. Посета на барокниот дворец Фостетич во Kesztheley. Посета на пештерата во Таполца, која има природно езеро во пештерата - пловење со чамци. Разгледот продолжува до полуостровот Тихањ, каде има манастир од каде се шири неверојатно убава панорама на езерото Балатон. Тргнување за Скопје во попладневните часови. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигување во Скопје во предпладневните часови следниот ден.

149 еур  (9,200 ден)  
     
Во цената на аранжманот е вклучено:
-Превоз со модерен туристички автобус на наведената релација
-Сместување во хотел Premium Apart 3* superior во Будимпешта www.premiumapartman.hu на база 2 ноќевања со појадок и хотел Pannon 3* во Хевиц www.pannonhotelheviz.hu на база 1 полупансион во двокреветни и трокреветни соби
-Панорамски разглед на Будимпешта, Сент Андреа, Хевиц, Балатон со стручен локален водич
-Организација и придружник на групата за време на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
-Вечера во национален ресторан
-Крстарење со брод по Дунав 15 евра
-Сите факултативни излети, влезници, карти
-Унгарска виза и патничко - здравствено осигуривање 2.500 денари
-Патничко – здравстевно осигурување 250 денари

Напомени:
-За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
-За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ
Барање за резервација
Име Презиме:  
Email:  
Телефон:
Термин:
Број на патници:
Начин на плаќање:
Забелешка,
прашање,
коментар: