ДЕЛ ОД ЗАПАДНА ЕВРОПА НА ДЛАНКА
ИТАЛИЈА, ШПАНИЈА, ФРАНЦИЈА, ГЕРМАНИЈА, АВСТРИЈА

Апсолвентска екскурзија

Венеција-Верона-Милано-Ница-Монако-Монте Карло-Кан-Љорет Де Мар-Барселона-Париз-Минхен-Виена

Тргнување: 06. Април 2010

15 дена / 8 ноќевања со појадок / полупансиони
1 денТРГНУВАЊЕ ЗА ВЕНЕЦИЈА

Собир на групата пред зградата на Факултетот во пладневните часови. Тргнување за Венеција. Се патува преку Србија, Хрватска, Словенија. Ноќно возење со попатни паузи.

2 денВЕНЕЦИЈА (Лидо ди Јесоло)

Пристигнување во утринските часови. Сместување во хотел во Лидо ди Јесоло. Разглед на “заспаната убавица”: Плоштадот и црквата Свети Марко, Дуждевата Палата, Мостот на Воздишки, Кулата, Каналот Гранде, Мостот Риалто... Ноќевање.

3 денВЕНЕЦИЈА-ВЕРОНА-МИЛАНО-АЗУРЕН БРЕГ

Појадок. По појадокот, заминување кон Верона. Пристигнување во предпладневните часови. Разглед на градот: Арената, плоштадите Бра, Ебре и Деи Сињори, споменикот на Данте Алигери, куќата и гробот на Јулија, замокот Кастелвекио. Во попладневните часови заминување кон Милано. Разгледување на градот: Плоштадот Дуомо, Катедралата, Миланската Скала, Галеријата Виторио Емануеле, фудбалскиот стадион... Во доцните вечерни часови патувањето продолжува кон Ница. Ноќно возење со попатни паузи.

4 денМОНАКО – МОНТЕ КАРЛО - НИЦА

Посета на Монако. Прошетка и разгледување на стариот дел: Океанографскиот музеј, Рајската градина, Кнежевската палата, црквата Св. Никола, гробот на Грејс Кели и Рение III. Прошетка по патеката каде се вози трката во Формула 1. Посета на Монте Карло и неговите казина. Пристигнување во Ница. Сместување во хотел. Прошетка низ Ница: стариот дел на градот, брдото Шато, шеталиштето на Ангичаните, хотелот Негреско... Ноќевање.

5 денНИЦА-КАН-ЉОРЕТ ДЕ МАР

Појадок. Излет до Антиб со посета на музејот на Пикасо. Посета на Кан со Авенијата на Палмите и најелитниот хотел Carlton, познатата Филмска Палата, шеталиштето на славните... Тргнување за Љорет Де Мар во вечерните часови. Ноќно возење.

6 денЉОРЕТ ДЕ МАР

Пристигнување во Љорет де Мар во предпладневните часови. Сместување во хотел. Слободно време за одмор и дружење на Lloret Beach Party. Вечера. Наш предлог: Факултативна посета на Витешка вечер. Нокевање.

7 денЉОРЕТ ДЕ МАР-БАРСЕЛОНА

Појадок. Целодневна посета на Барселона: посета на катедралата Света Фамилија, авенијата Рамбла, споменикот на Колумбо, пристаништето Де ла Паз, плоштадот Каталонија, стадионот готскиот Кварт, Ноу Камп, Олимпискиот дел со брдото МонЖуик, Авенијата Дијагонал, Нова Барселона, Шпанското село кое ја обдинува и прикажува разноликоста на архитектурата на Шпанија... Посета на едно од најзначајните дела на Гауди, паркот Гуељ, кој со својата едноставност и убавина заслужи да биде дел ос светската културна градина под заштита на УНЕСКО. Враќање во хотел. Вечера. Факултативна посета на ФЛАМИНГО, со заводливиот ритам на шпанската музика и сангрија. Ноќевање.

8 денЉОРЕТ ДЕ МАР

Појадок. Слободно време за одмор и дружење. Можност за факултативна посета на забавниот парк Порт Авентура. Вечера. Факултативна посета на дискотека со тематска забава. Нокевање.

9 денЉОРЕТ ДЕ МАР-ФИГУЕРАС-ПАРИЗ

Појадок. Посета на Фигуерас - град познат како родното место на познатиот Шпански сликар Салвадор Дали. Посета на музејот на Салвадор Дали. Патувањето продолжува кон Париз. Ноќно возење.

10 денПАРИЗ

Пристигнување во Париз во предпладневните часови. Сместување во хотел. Панорамско разгледување на градот: Ајфеловата кула, Палатата Шајо, Универзитетот Сорбона, Плоштадите Конкорд и Звезда, Домот на Инвалидите, Тријумфалната Капија, футуристичкиот Париз - Дефанс... Посета на Ајфелова кула во попладневните часови (со метро). Факултативно крстарење по Сена во вечерните часови. Ноќевање.

11 денПАРИЗ

Појадок. Можност за посета на музејот Лувр. Во попладневните часови, факултативна посета на Кралскиот Дворец Версај. Вечерна посета на Мон Мартр и Црквата на Светото Срце (со метро). Ноќевање.

12 денПАРИЗ (ДИЗНИЛЕНД)-МИНХЕН

Појадок. Факултативна посета на забавниот парк Disneyland, во светот на приказните со многубројни атракции (превоз со брз воз RER). Во вечерните часови патувањето продолжува кон Виена.

13 денМИНХЕН-ВИЕНА

Пристигнување во Минхен во утринските часови. Разглед на градот со уникатната Баварска архитектура. Патувањето продолжува за Виена. Сместување во хотел. Панорамски разглед на градот: Парламентот, Операта, Кралската Палата, дворците Белведере и Шенбрун. Прошетка низ центарот на Виена, по пешачката зона и познатата улица Марија Хилферштрасе. Во вечерните часови, можност за посета на забавниот прак Пратер. Ноќевање.

14 денВИЕНА

Појадок. Можност за посета на Кралскиот Дворец Шенбрун, летната резиденција на Франц Џозеф. Посетена од милиони туристи годишно, палатата заедно со паркот е најголема туристичка атракција во Виена, под заштита на УНЕСКО. Тргнување за Македонија во вечерните часови. Ноќно возење со попатни паузи.

15 ден

Пристигнување во попладневните часови.

449 еур  (27,750 ден)  
           
Цената вклучува:
-Превоз со модерен туристички автобус на наведената релација
-Сместување во хотели **/*** според програмата во три/четворокреветни соби
(1 ноќевање со појадок во Лидо ди Јесоло, 1 ноќевање со појадок во Ница, 3 полупансиони во Љорет де Мар, 2 ноќевања со појадок во Париз, 1 ноќевање со појадок во Виена(околина))
-Разгледи на градовите според програмата
-Професионална организација и водство на патувањето.

Цената не вклучува:
-Шпанска групна шенген виза и патничко осигурување 950 денари (за стари пасоши)
-Влезници во локалитетите
-Метро и бродски карти
-Факултативни посети
-Патничко осигурување 650 денари

НАПОМЕНИ:
-За реализација на аранжманот, потребен еминимум од 45 патници
-За овој аранжман важат општите услови за патување на АТЛАС ПЛУС и СКТМ
Барање за резервација
Име Презиме:  
Email:  
Телефон:
Термин:
Број на патници:
Начин на плаќање:
Забелешка,
прашање,
коментар: