Хрватска
Стара е изреката на луѓето покрај море: “Го допреш ли морето, воспоставуваш врска
со светот”. Од Далмација во светот пловеле поморци, рибари и бродоградители од времето на откривањето на Новиот свет. На Далматинските острови, никнале урбани населби во античко време. Одамна откриен, Далматинскиот брег сеуште има
скриени убавини. Средна Далмација, со своето средиште Сплит, ја има Макарската
Ривиера, Омиш, Трогир, Шибеник, Водице... И најпосетените острови: Брач, Хвар,
Вис, Корчула, секој свет за себе. Едрењето наутро накај Брач и вечерното пловење
низ Хварскиот канал, прикажуваат повеќе од сите слики и зборови Инфо: Документи за престој: пасош, патничко осигурување...
Површина: 56,000 км2 Население: 4,5 милиони жители Поголеми градови: Загреб, Сплит, Ријека, Осијек, Пула, Дубровник...
Официјален јазик: Хрватски (латинично писмо), се зборува и англиски, германски, француски јазик...
Валута: Хрватска куна 1 ЕУР = 7,2 ХК
Локално време: Средноевропско (исто со македонско време)
Локален превоз: автобуски, такси, рент а кар…
|
|