Почетна страна  » Турција
   
Анталија Бодрум

Турција

Оваа прекрасна земја се протега на делови од двата најстари континенти - Европа и Азија. Нејзината специфична положба, придонела да многубројните народи што ја населуваат, ја збогатат со своите обележја изразени преку културата и градбите од непроценливо историско значење. Турција, богата со знаменитости кои сведочат за 8000 години историја, Ви нуди можност директно да се запознаете со најголемите европски цивилизации: Античката, Римската, Византиската и Османлиската. Како туристичка дестинација, Турција во последните петнаесет години бележи постојан подем во однос на другите земји од светот. И­злегувајќи на четири мориња со илјадници километри долгиот морски брег, изобилува со безброј мали и поголеми летувалишта и туристички центри. Огромниот број на хотели и објекти за сместување на туристите, веќе ја вброија во туристичките велесили на Европа, но и на Азија. Нејзините хотели и ресорти од висока категорија веќе го заземаат самиот врв на европската скала на квалитет. Егејскиот брег со својата регионална поставеност е сосема сигурно еден од најкарактеристичните во Турција. Големиот број на туристички летувалишта со исклучително квалитента понуда на сместувачки и услужни капацитети, го карактеризираат овој брег како еден од најпосетените во Турција.

     
Skopje
32°C
макс. 30°C
мин. 16°C
Split
23°C
макс. 27°C
мин. 20°C
Salonica
29°C
макс. 28°C
мин. 21°C
Kavala
27°C
макс. 29°C
мин. 19°C
Kalamata
29°C
макс. 31°C
мин. 18°C